| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.07.2017

Супер Хасани, супер Ибраими...супер Шкендија

Се е исто како и лани. Тетовци газат во Европа, имаат три од три, имаат игра, даваат голови како од шега. Капитенот Буба брилјира, Бесарт стрела како од шега. Шкендија со победата над Хелсинки е единствената наша екипа која има позитивен биланс во своите настапи во Европа

Блескава Шкендија. Маестрална Шкендија. Уште едно супериздание на тетовските „црвено – црни“ во Европа. Хелсинки беше немоќен, дури и среќен зошто загуби само со 3:1. Тоа го призна и неговиот тренер Мика Лекузо. Се е исто како и лани кога е Шкендија во прашање и нејзините настапи во квалификациите во Лига Европа. Тетовци газат, имаат три од три и се блиску до 3.квалификациско коло каде најверојатно ги чека Норчепинг. Капитенот Буба Хасани брилјира, Бесарт Ибраими не знае за доста со неговите голови, сите останати се супер за супер Шкендија. И да, со победата над Хелсинки, тетовци се единствената наша екипа која има позитивен биланс во своите настапи во Европа. Од 19 меча има 8 победи, четири ремија, седум порази и гол разлика 22:20.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 15.07.2017, 16:32
Статијата е прочитана 7053 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense