| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.05.2017

Автокоманда на нозе, Скопје и официјално прволигаш (ВИДЕО)

По триумфот од 2:1 над директниот конкурент, тимот на Новаци, „пиратите“ и дефинитино во следната сезона ќе ги гледаме во елитата

По пауза од шест години, Скопје се враќа во елитната лига на Македонија. Автокоманда е на нозе, „пиратите“ го победија Новаци со 2:1 и на две кола до крајот ставија „печат“ на второто место, сега веќе не може никој да ги стигне. Победничкиот гол го даде Ѓурчиновски во 85. Минута. Новаци пак ќе игра во баражот за пополнување на Прва лига.
Тиквеш на „Борис Трајковски“ со 2:0 го победи Металург на гости и освои големи бодови во битката за опстанок. Вардар (Н) и Тетекс ги поделија бодовите играјќи во Гевгелија 1:1. Влазерими немаше никакви проблеми, го совлада Хоризонт Т со 3:1 во Кичево, додека Академија Пандев со 2:0 го победи Еуромилк.

РЕЗУЛТАТИ – 25. КОЛО
МЕТАЛУРГ – ТИКВЕШ 0:2
ВАРДАР (Н) – ТЕТЕКС 1:1
ВЛАЗЕРИМИ – ХОРИЗОНТ Т 3:1
А. ПАНДЕВ – ЕУРОМИЛК2:0
СКОПЈЕ – НОВАЦИ 2:1

ТАБЕЛА - 1.А. Пандев 62 бодови, 2.Скопје 50, 3.Новаци 42, 4.Еуромилк 34, 5.Хоризонт Т 33, 6.Влазерими 31, 7.Металург 26, 8.Тиквеш 25, 9.Вардар (Н) 22, 10.Тетекс 22 бодови



Датум: 13.05.2017, 18:54
Статијата е прочитана 6780 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense