| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.04.2017

Јокохама и Бабунски влегуваат во победничка серија

Тимот каде што настапува и Македонецот на гостувањето против Хирошима благодарение на голот на Наказава, дојдоа до втората едноподруго победа во „Ј“ лигата

Продолжуваат одличните партии на Давид Бабунски и неговиот тим Јокохама Маринерс во јапонската „Ј“ лига. Репрезентативецот на Македонија со своите соиграчи ја остварија втората победа едноподруго откако славеа на гостувањето кај Хирошима со 1:0. Бабунски во мечот од седмото коло од јапонската лига беше меѓу стартерите, а одигра 62 минути. Голот вреден три бодови беше дело на Наказава во самиот почеток, односно во четвртата минута.
Јокохама со оваа победа се искачи на третото место со 13 бодови и со тоа ја истакна својата кандидатура за висок пласман каде што амбицијата ќе биде освојување на титулата.



Датум: 16.04.2017, 12:17
Статијата е прочитана 1600 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense