| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2018


Кировски менува клубови како од шега

*Некои играчи имаат проблем да направат еден трансфер, некои пак тоа го прават без никакви проблеми. Никој во историјата на мак - фудбалот, па и онаа подалечната, нема направено толку трансфери во својата кариера како Христијан Кировски. Тој секако дека е македонски рекордер но и светски раритет

 

 

 

Трансферот во Работнички, оној пред неколку денови на Христијан Кировски е еден од најважните и најголеми во овој зимски преоден рок. Но, тоа не е тема на овој текст. Тема е податокот дека овој трансфер на Кировски (32 години), е вкупно 22 во својата долга кариера. И по тоа Кировски е рекордер во мак - фудбалот. Никој пред него во нашата фудбалска историја нема менувано толку често клубови како Кировски.
Тој е раритет и во светски услови, а во Македонија е рекордер и тоа без конкуренција.

 

Мора да си квалитет за да те бараат

Е, сега некој ќе каже дека лесно му е на Кировски. Но, дали е баш така. Имено ако веќе некој играч успеал да промени толку клубови, да има кариера која е долга и максимално успешна, тогаш јасно е дека треба да се квалитет за такво нешто. Имено на пример некои играчи имаат проблем да направат макар еден или два трансфери, а Кировски тоа го  прави без никакви проблеми.

 

Секогаш има понуди за него

Кировски никогаш, ама никогаш немал проблем да си пронајде клуб. Имено до него, иако веќе има 32 години, секогаш има понуда. И тоа добра понуда. Без разлика дали тоа е клуб од Македонија, и тоа оние најголемите како Шкендија, Работнички или Вардар, или пак клубови од Тајланд или оние од Далечниот исток. Кировски е баран зошто е квалитет, и затоа може да си ги менува клубовите како од шега. Еве на пример, авторот на овој текст тоа многу добро го знае, оваа зима до Кировски имаше две понуди од наши клубови и две од Казахстан. Беше во завршни преговори со Каисар но, тој поради несогласување околу финалните детали на договорот, Кировски го одби тимот од Казахстан и не потпиша со него иако речиси да беше се готово.

 

Трансфери, клубови, 11 земји

Кога сме кај бројките да кажеме дека Кировски е дете на Вардар. Започна да игра во Првата лига во 2002 година на свои 16-17 година во ФК Вардар. И од тогаш па се до пред три дена и последниот трансфер во Работнички, тој има вкупно остварено 22 трансфери. Верувајте дека оваа бројка е точна. Потоа има играно за клубови од 11 земји, тука ја сметаме и Македонија. И на крај, Кировски бил член на 19 клубови, да драги читатели, точно во 19 клубови тој играл па макар и една минута.


СИТЕ ТРАНСФЕРИ НА КИРОВСКИ
01.07.2002: ВАРДАР - ОФК БЕОГРАД (СРБ)
01.01.2005: ОФК БЕОГРАД (СРБ) - МЕТАЛУРГ З. (УКР)
01.06.2005: МЕТАЛУРГ З. (УКР) - ОФК БЕОГРАД (СРБ)
01.01.2006: ОФК БЕОГРАД (СРБ) - МАКЕДОНИЈА ЃП
01.07.2006: МАКЕДОНИЈА ЃП - ЕТНИКОС (КИП)
01.01.2007: ЕТНИКОС (КИП) - ЛУЧ ЕНЕРГИЈА (РУС)
01.02.2007: ЛУЧ ЕНЕРГИЈА (РУС) - ВАРДАР
01.07.2007: ВАРДАР - КАРПАТИ (УКР)
01.01.2008: КАРПАТИ (УКР) - ВОРКСЛА (УКР)
01.07.2008: ВОРКСЛА (УКР) - РАБОТНИЧКИ
01.02.2009: РАБОТНИЧКИ - ВАСЛУИ (РОМ)
01.03.2010: ВАСЛУИ (РОМ) - ВАРДАР
01.07.2010: ВАРДАР - СКОПЈЕ
01.07.2011: СКОПЈЕ - АПОЛОН (КИП)
01.07.2012: АПОЛОН (КИП) - РАМАТ (ИЗР)
09.01.2013: РАМАТ (ИЗР) - ИРАКЛИС (ГРЦ)
15.07.2013: ИРАКЛИС (ГРЦ) - ЦСКА (БУГ)
15.01.2014: ЦСКА (БУГ) - БЕЛШАТОВ (ПОЛ)
29.07.2014: БЕЛШАТОВ (ПОЛ) - ШКЕНДИЈА
19.01.2016: ШКЕНДИЈА - ПРАЧУАП (ТАЈ)
01.07.2017: ПРАЧУАП (ТАЈ) - ЧИАНГМАИ (ТАЈ)
30.01.2018: ЧИАНГМАИ (ТАЈ) - РАБОТНИЧКИ



Датум: 04.02.2018, 10:01
Статијата е прочитана 2633 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense