| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.11.2017

Втора лига запад: Есенскиот трон за Влазерими

Ниту еден од водечките три не победи, но кичевскиот тим со „ремито“ против Еуромилк, стигна до првото место и ќе презими на него

Влазерими ќе презими на првата позиција на табелата во Втората лига запад. Кичевскиот тим со нерешениот резултат на гостувањето кај Еуромилк, собра исто поени како и Гостивар, кој што на домашен терен беше поразен од Македонија ЃП. Но, Влазерими има подобар скор од својот противник, и од тука се најде на првата позиција на табелата.

Третопласиран е тимот на Струга Трим Лум кој што „прокоцка“ да биде на чело на табелата со оглед дека одигра само без голови кај Локомотива. Новаци загуби дома од тетекс, додека Лабуништа го совлада тимот на Зајази.


РЕЗУЛТАТИ:
Новаци - Тетекс 1:2
Еуромилк - Влазерими 0:0
Лабуништа - Зајази 2:0
Гостивар - Македонија ЃП 0:2
Локомотива - Струга Т.Л. 0:0

ТАБЕЛА:
1. Влазерими 25
2. Гостивар 25
3. Струга Т.Л. 24
4. Македонија ЃП 23
5. Еуромилк 20
6. Лабуништа 19
7. Локомотива 18
8. Тетекс 16
9. Зајази 12
10. Новаци 8



Датум: 25.11.2017, 15:51
Статијата е прочитана 3227 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense