| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.07.2017

Перфектна Шкендија, нов триумф од 4:0

Кој си знае, си знае. Шкендија и во вториот меч среде Кишињев успеа да слави со 4:0. Па така со вкупни 7:0 се пласира во следната рунда од квалификациите во ЛЕ

Немилосрдна Шкендија. Тетовци среде Кишињев со 4:0 успеаја да слават над Дачија во реваншот па така со вкупни 7:0 се пласира во второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Со головите на Алими во 32. минута и на Жуниор во 45. нашиот тим поведе со 2:0. Во 37. Дачија остана со играч помалку зошто Андроник доби црвен картон. Во вториот дел потполна доминација на Шкендија, се редеа шансите, но имаше само два гола. И тоа на Зејнулаи во 81. и на Хасани од пенал во 88. минута за конечни 4:0.
Така е тоа, кој си знае си знае во Европа.

 



Датум: 06.07.2017, 17:52
Статијата е прочитана 5934 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense