| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.06.2017

И Вардар и Шкендија ќе играат во Струмица

Иако Вардар и Шкендија имаа намера да играат надвор од Македонија, таа опција пропаѓа со оглед на тоа дека Комитетот за итност на УЕФА нема да заседава во најскоро време. Работнички и Пелистер и онака сакаа да играат на „Младост“

Струмица и дефинитивно ова лето ќе биде европски фудбалски град. Како што велат нашите информации, Вардар, Шкендија, Работнички и Пелистер своите европски натпревари ќе ги играат во Струмица на стадионот „Младост“. Иако Вардар и Шкендија имаа намера да играат надвор од Македонија, таа опција пропаѓа со оглед на тоа дека Комититет за итност на УЕФА, кој одлучува за вакви барања, нема да се состане во најбрзо време. Па затоа скопските и тетовските „црвено - црни“ ќе мораат да играат во Струмица. Што се однесува до Работнички и Пелистер, тие и онака сакаа да играат на „Младост“.



Датум: 14.06.2017, 13:27
Статијата е прочитана 8531 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense