| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.06.2017

Љамчевски се враќа во Пелистер

Благоја Љамчевски (30) е многу блиску до трансфер во Пелистер

Левиот офанзивен бек кој во последните три години беше член на шампионскиот тим на Вардар, како што велат нашите информации, би требало во текот на следните неколку дена да потпише за својот матичен клуб. Тоа ќе значи дека по пауза од осум години, тој одново ќе го облече зелениот дрес и повторно ќе биде во ист тим со својот помал брат Петар.
Инаку, експедицијата на битолчани ќе ги започне подготовките за настапот во квалификациите за Лигата на Европа на 10 јуни, а два дена подоцна, ќе се пресели во Банско. Таму ќе се подготвува до 22 јуни, а потоа ќе се врати дома и ќе ги очекува 29 јуни и првиот меч од првото коло во квалификациите во Лигата на Европа.



Датум: 05.06.2017, 11:22
Статијата е прочитана 5170 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense