| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.06.2017

Ренова ќе преговара со Усеини, Незири, Абдула...

Ремзифаик Селмани пак, како што најави „Македонски спорт“ уште пред една недела, е пред портите на Шкендија. Ренова допрва треба го објави и наследникот на Ќатип Османи

Бурно ќе биде во таборот на ФК Ренова во деновите што престојат. Имено договорите со клубот истечени им се на Мухамед Усеини, на Меџит Незири и Џелил Абдула. Но големи се шансите тие да останат, од раководството на “гипсарите“ ни беше кажано дека Ренова со сите нив ќе преговара со цел да се продолжи соработката. Ремзифаик Селмани, младинскиот репрезентативец има важечки договор, но тој како што најави „Македонски спорт“ уште пред една недела, е пред портите на Шкендија. Секако дека за него треба да се плати соодветна отштета. Инаку од Ренова и дефинитивно си заминаа Стојанче Велинов кој потпиша за Работнички и Висар Муслиу кој денеска беше промовиран во таборот на шампионот Вардар.
Инаку во следните неколку денови Ренова треба да го објави и наследникот на Ќатип Османи, во опција се неколку имиња за тренер на „гипсарите“, а кој ќе ја добие довербата ќе се знае до 5-6 јуни.



Датум: 03.06.2017, 12:46
Статијата е прочитана 2959 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense