| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.11.2017

Ренова преку Скопје во полуфинале

„Гипсарите“ и покрај негативата од 1:0, сепак, на крајот со 1:2, успеаа да славата во реванш четфвртфиналето од купот и да заминат во следната фаза. Академија Пандев рутински, Пелистер и Победа одиграа 2:2


Овогодинешни полуфиналисти во националниот куп на Македонија се екипите на Ренова, Академија Пандев и Пелистер. „Гипсарите“ во најјинтересното четвртфиналале успеаа на гостински терен да слават кај Скопје со конечни 1:2, и на тој начин да ја потврдат победата од првиот меч (0:2). Домашните на овој меч тргнаа добро, имаа водство од 1:0 со голот на Дарко Ѓурчиновски: Гостите направија измени и токму резервистите го донесоа пресвртот. Емран Рамадани и Фатјон Јусуфи, во 75. одноно 90. минута ја доведоа Ренвоа во водсгво и ги поставија конечните 1:2.
Пелистер пак на домашен терен одигра 2:2, против Победа иако на хартија прилепчани беа домаќини. Двоен стрелец Жаделсон кој за прв пат погоди за Пелистер.
Академија Пандев пак на стадионот во Турново со 4:1 тирумфираше над Тетекс во меч во кој тотално доминираше и шутна триесетина пати кон противничкиот гол.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

РЕЗУЛТАТИ:

Скопје – РЕНОВА 1:2
А.ПАНДЕВ – Тетекс 4:1
ПЕЛИСТЕР – Победа 2:2



Датум: 29.11.2017, 15:11
Статијата е прочитана 666 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense