| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

Тиквеш се спаси, Тетекс во бараж, Металург во Трета лига

Тоа е епилогот на трилер – битката за опстанок во Втората лига во денешното последно коло. Тетекс го победи Металург со 1:0 а Тиквеш пак славеше дома против Хоризонт Т со 2:1. Тиквеш и Тетекс имаат ист број бодови но кавадарчани имаат подобар меѓусебен скор

Шок за Металург, задоволство кај Тетекс и еуфорија во таборот на кавадарчани.Металург се сели во Трета лига, Тетекс ќе игра дополнителен бараж за опстанок во Втората лига а Тиквеш избори директен опстанок. Тоа е епилогот од биттката за опстанок која се случуваше денеска во последното коло во оваа конкуренција. Најнесреќни беа „железарците“ кои дома загубија од „штофарите“ со 0:1 и тоа со голот на Савески во 10.минута и со тоа идната сезона ќе играат во Трета лига. На Тиквеш му се погоди резултатот од мечот во Скопје а Тетекс си ја заврши сам работата, но го чека и бараж за конечен опстанок. Тиквеш со 2:1 славеше над Хоризонт Т. Кавадарчани во водство дојдоа многу рано, уште во 10.минута преку Бакрачески, но во 80.минута шок, Лазаерв си даде автогол. Сепак само три минуту подоцна Стојановски погоди за конечни 2:1. Во дербито, каде играа првиот и вториот, Академија Пандев и Скопје одиграа 1:1. Во натпревар без никакво резултатско значење, Вардар (Н) со голот на Данаилов во последните секунди на мечот успеа со 1:0 да го победи Еуромилк. И вчера Новаци во Кичево го победи Влазерими со 3:2.

ДВОЈКИ ЗА 27. КОЛО
МЕТАЛУРГ – ТЕТЕКС 0:1
ТИКВЕШ – ХОРИЗОНТ Т 2:1
ВАРДАР (Н) – ЕУРОМИЛК 1:0
А. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 1:1
ВЧЕРА
ВЛАЗЕРИМИ – НОВАЦИ 2:3

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: 1.А.Пандев 66 бодови, 2.Скопје 54, 3.Новаци 45, 4. Хоризонт 36, 5.Еуромилк 36, 6. Влазерими 32, 7. Тиквеш 28, 8. Тетекс 28, 9. Металург 26, 10. Вардар (Н) 25 бодови



Датум: 27.05.2017, 18:52
Статијата е прочитана 9453 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense