| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2018

Вардар утна пенал и беше поразен од Черноморец

Украинскиот тим со сомнителен гол стигна до триумфот над нашиот првак кој што не реализираше удар од белата точка преку Исени


Во натпревар со многу шанси на двете страни, Вардар беше поразен од Черноморец во третиот пријателски меч во Анталија, забележувајќи го вториот пораз на подготовките. Вардарци беа поразени со сомнителен гол, на кој претходеше многу мислење од страна на судиите кои на крајот донесоа одлука дека топката ја минала гол линијата.

Во првиот дел Вардар имаше барем добри 4-5 обиди, а на спротивната страна Черноморец два пати се закани.

Сомнителното водство дојде во 53. минута, а претходно Вардар имаше шанса преку Барсегјан. Сепак, Хобленко со глава ја упати топката кон голот, тука реагираше одбраната на Вардар. Најпрво беше покажано дека нема гол, за потоа судиите да ја сменат одлуката. Настана и мешаница на теренот после која се смируваа страстите.

Во 70. минута Вардар не реализираше пенал. Исени шутираше, но противничкиот голман му го одбрани ударот. До крајот на мечот „црвено-црните“ се обидоа да дојдат до израмнување, но не успеаја.



Датум: 27.01.2018, 11:14
Статијата е прочитана 565 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense