| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.05.2017

Запад плаче, Истокот се смее

Замислете, тимот на Превалец кој беше четврти во Јужниот регион веројатно следната сезона ќе игра во Втората лига - Исток, додека еден Гоблен кој беше втор во Северниот регион можеби нема да биде член на Втората лига - Запад

Крајно нефер и неправилна распределба на патниците во двете Втори лиги за сезоната 2017/2018. И тоа на штета на екипите кои гравитираат кон западниот дел на Македонија. Имено Втората лига - Запад се пополнува од дури три региони, Северниот, Западниот и Југозападниот, додека Втората лига - Исток се пополнува само од два региони, од Источниот и Јужниот. И затоа многу потешко е да се влезе во Втората лига - Запад отколку во Втората лига - Исток. Ваму конкурираа 30 клубови, а на истокот пак само 20.
Еве еден неверојатен податок. Имено тимот на Превалец кој се натпреваруваше во Јужниот регион, на крајот заврши како четвртопласиран и има големи шанси да избори пласман во повисок ранг, ќе игра бараж со Саса, четвртата екипа од Источниот регион.
Од друга страна, тимот на Гоблен, но и сите останати втори екипи од Северниот, Западниот и Југозападниот тим, ќе играат бараж за две места во Втората лига - Запад. А да повториме, оној Превалец како четврти ќе игра само еден бараж меч и може лесно да влезе.
И на крај прашање зошто Тетекс не игра бараж туку директно изборува пласман во Втората лига - Запад. Зошто овој тим не се најде меѓу оние три екипи, како четврта екипа во баражот туку му се дава шанса без битка да игра во Втората лига - Запад. Зошто тогаш Тиквеш се „кршеше“ цела сезона да биде пред Тетекс.



Датум: 30.05.2017, 17:47
Статијата е прочитана 10824 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense