| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.08.2017

Вардаре, напиши ја веќе таа историја

Вечерва сите наши срца ќе чукаат за „црвено - црните“. Имаме предност од 2:0, следуваат пеколни втори 90 минута на „Шукру Сарачоглу“

Ќе ги паметиме ли долго Истанбул, Босфорот. Вечерва Вардар со почеток во 19:30 часот му гостува на Фенербахче во реванш мечот од плејофот во Лигата на Европа, и има златна шанса да избори пласман во групната фаза од ЛЕ.
Е па Вардаре, ајде, испиши ја веќе таа историја. Ти ја посакуваме сета среќа на овој свет, ти посакуваме да ги израдуваш сите во оваа држава. Вечерва Вардаре сите наши срца ќе чукаат за тебе, за твој најголем успех во историјата на клубот но и за најголем успех на еден наш клуб во Европа.
Имаме предност од 2:0, следуваат пеколни втори 90. минути на „Шукру Сарачоглу“.
Па Вардаре, ти си сега на потег...

 



Датум: 24.08.2017, 18:44
Статијата е прочитана 469 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense