| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Ангеловски: Натпревар се добива со голови...

Селекторот со пофални зборови за играчите, но не е задоволен од резултатот

Албанија извлече бод во лоша игра, а Македонија може да жали за бројните пропуштени шанси. Селекторот на Македонија Игор Ангеловски го „прочита“ противничкиот Кристијан Панучи, меѓутоа, не успеа да ја впиша првата победа против Италијанецот.

„Најпрво да им честитам на моите играчи за играта на овој натпревар и за се што направија во текот на 90. минути. За жал не успеавме да победиме, противникот поведе по единствениот удар од нашиот гол. На крајот влеговме во тотална офанзива да го добиеме мечот, меѓутоа не успеавме. Кога противничкиот голман е играч на натпреварот, тоа кажува сé. Натпреварот се добива кога ќе се постигнат голови, ние успеавме да дадеме само еден за жал доволен само за реми“.



Датум: 05.09.2017, 23:34
Статијата е прочитана 100 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense