| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Восканијан место во Шкендија, замина во Неа Саламина

Ништо од најавеното големо засилувања од Ерменија, Тарон Восканијан требаше утре да дојде во Шкендија, но тој веќе е претставен како ново име во Неа Саламина (Кипар). Попладнево со почеток од 17:30 часот, момците на Ќатип Османи ќе одиграат пријателска со Интер Запрешиќ

Тарон Восканијан, репрезентативниот стопер од Ерменија, кој требаше утре да дојде во Тетово и да потпише за Шкендија, утринава е претставен како нов играч на Неа Саламина, Кипар. Значи ништо од најавеното големо засилување во одбраната на тетовските „црвено – црни“. Можеби затоа тетовци вчера го ангажираа искусниот стопер од Албанија Олси Теќа, кој досега настапуваше за Тирана. Инаку што се однесува до пријателските средби, Шкендија денеска со почеток од 17:30 часот ќе ја одигра својата втора контрола на подготовките во Словенија. Спаринг партнер ќе биде хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ.



Датум: 17.06.2017, 13:38
Статијата е прочитана 3124 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense