| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.06.2017

Жаделсон го засилува Пелистер

 

Напаѓачот Барбароса да Силва Жаделсон или Азул денеска треба да стави потпис за битолските „зелени“

Пелистер продолжува по стариот испробан рецепт да ангажира квалитетни напаѓачи од Бразил. Во текот на денешниот ден, битолските „зелени“ би требало да се засилат со Барбароса да Силва Жаделсон или нагалено Азул. Ако сѐ биде во ред со него, тука, пред сѐ, мислиме на лекарските прегледи, Жаделсон ќе биде официјално промовиран во дресот на освојувачот на Купот на Македонија и веднаш ќе замине за Банско, каде што останатите играчи на Пелистер се на подготовки.

Лукас - Силва - Жаделсон

Инаку, Жаделсон е роден на 28.02.1993 година, а доаѓа од клубот Централ во Бразил. Од она што може да се види на Интернет, станува збор за квалитетно решение во нападот на „зелените“, кое ќе им се придружи на своите сонародници Лукас Гоијано и Фернандо Силва, а левиот офанзивен бек Фернандо Аугусто и дефинитивно се раздели со Пелистер.



Датум: 14.06.2017, 10:28
Статијата е прочитана 4086 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense