| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.12.2017

Ингилизов заминува од Победа со долг од 100.000 евра!

На денешниот состанок на раководните структури на ФК Победа, би требало да биде сменет досегашниот претседател на клубот, Гоце Ингилизов и да се постави нов прв човек на клубот. Клубот има голем проблем, должи преку 100.000 евра по најразличен основ, а сметката е блокирана поради побарувања од фирми

Денеска во Прилеп на фудбалски план ќе биде жешко. Ќе има состанок на акционерите на ФК Победа, на кој главна точка ќе биде смената на досегашниот претседател на на клубот, Гоце Ингилизов и ќе биде поставен нов. Сеуште не се знае кој ќе биде наследникот на досегашниот прв човек на Победа, но веќе станува јасно дека Ингилизов повеќе нема да биде прв човек.
Ова е само реален развој на настаните со оглед на случувањата во клубот, резултататите, и пред се нормално, начинот на кој што Ингилизов и воопшто дојде да биде прв човек на ФК Победа. Од него се очекуваше далеку повеќе, а не клубот да се бори за опстанок. Па така, на денешниот состанок покрај самиот Ингилизов кој е делумно сопственок на клубот, односно акционер, ќе присуствуваат и луѓето од Живот Прилеп, прилепска Пивара, Кабелнет (Харалампие Хаџиристески), Конфи Ангел со својот претставник Ирена Јаќимовска, и косопственикот на оваа компанија од Англија, кои исто така имаат во сопствеост по 10% од акциите на ФК Победа. Сите овие ќе одлучуваат за судбината на клубот, кој во моментов не е во доба положба.

Победа должи 100.000 евра!

Финансиската криза во клубот е едно од клучните прашања. ФК Победа во моментов должи преку 100.000 евра по најразлични основи. Од плати на играчи кои немаат земено пари веќе три месеци, преку режии во објекти каде што престојувале играчите на Победа па се до сметки во ресторани каде што се прехранувале.
Она што пак е многу битно да се каже е дека сметката на ФК Победа во моментов е блокирана од страна на фирмата Чибук транс, која се бави со превоз на патници и која од ФК Победа треба да напрали дваесетина илјади евра. Сето ова во моментов, за ФК Победа е огромен проблем, како и за раководните структури кои мора час поскоро да пронајдат средства и да го вратат клубот во нормала.

Спонзорите ќе останат, но да си оди Ингилизов

Неофицијално дознаваме, дека останатите спонзори на ФК Победа и натаму ќе продолжат да даваат пари во клубот, но под еден услови, Гоце Ингилизов повеќе да не биде на чело на ФК Победа. Тоа значи дека од денешниот состанок во Прилеп зависат мнгогу нешта, затоа што клубот остана без тренер, дел од играчите најавија заминување, и мора курсот на ФК Победа под итно да се промени.




Датум: 25.12.2017, 10:45
Статијата е прочитана 3279 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense