| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.02.2017

Тричко со нов гол, Мојсов со црвен картон

АЕК Ларнака на гости кај АЕЛ Лимасол одигра 1:1. Голот за гостите беше дело на Иван Тричковски, но не се израдува на голот зошто неговиот тим прими гол во 90+2. минута. Во финишот на мечот Даниел Мојсов беше исклучен

Иван Тричковски попладнево го постигна својот 11 гол за АЕК Ларнака, во рамките на 23. коло во шампионатот на Кипар. Тој во 13. минута му донесе водство на својот тим на гостувањето кај АЕЛ Лимасол. И 1:0 беше се до 90+2. минута кога домашните израмнија. Интересно е тоа што вториот наш интернационалец во тој тим, Даниел Мојсов, не го заврши мечот. Поради втор жолт, односно црвен картон тој мораше да оди во соблекувалната во 73. минута. Можеби и затоа АЕЛ Лимасол го израмни резултатот и не му дозволи на Тричко да се израдува на уште една победа извојувана со негов гол.

 


 



Датум: 12.02.2017, 16:59
Статијата е прочитана 963 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense