| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Вардар на поправен, Шкендија пред нова голеада (ЖИВО)

Во дербито на 6. коло шампионот ја дочекува Ренова на „Борис Трајковски“, додека под Шара тетовските „црвено - црни“ ќе го нагостат Силекс

Попладнево од 15:30 часот се играат сите натпревари од 6. коло во нашата Прва лига. Дербито се игра на „Борис Трајковски“, каде Вардар ја дочекува Ренова. Шкендија во Тетово ќе оди на нова голеада против Силекс, во Струмица на „Младост“ составот  на Академија Пандев и Пелистер ќе имаат интересен дуел. Во битката за Гази Баба се среќаваат на Чаир екипите на Шкупи и Скопје, додека во Прилеп на Могила домашната Победа го дочекува ранетиот Работнички. „Македонски спорт“ во живо ќе врши текстуален пренос.

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО - ДЕНЕСКА, 15:30 Ч
ВАРДАР - РЕНОВА 2:1
Барсегјан 25’, Фелипе 83’ - Рамадани 40’
ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС  4:0 
Емини 13’, 27’, 89’, Хасани 69’
А. ПАНДЕВ - ПЕЛИСТЕР  2:0
Балдовалиев 57’ (п), Бовен 82’
ШКУПИ - СКОПЈЕ  1:0
Стојковски 25’
ПОБЕДА - РАБОТНИЧКИ  2:4
Гешоски 4’, Најдоски 25’ - Марковски 58’, 83’ (п), Сахити 63’, Гофри 90’

ВАРДАР - РЕНОВА 2:1
25’ ГОООЛ! 1:0
Во 25. минута со голот на Барсегјан, Вардар има водство во дуелот со Ренова.
40’ ГОООЛ 1:1. Рамадани од околу 22 метри го совладува голманот на Вардар!
65’ Удар со главите меѓу Темелков и Џигаури, долго траеше интервенцијата од докторите на двете етапи. На крајот двајцата останаа со преврзани глави на теренот.
83’ ГОООЛ 2:1 Еврогол на Фелипе, кој од работ на шестнаесетникот ја смири на гради, па распали во голот!

ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС 5:0
13’ ГООООЛ 1:0
Спектакуларна акција на Шкендија, ја почнува Алими, ја продолжи Ибраими, асистираше Тодоровски до Емини кој носи водство за Шкендија.
27’ ГОООЛ 2:0 Асистенција на Хасани, Емини од 20-тина метри го погодува десниот долен агол за водство.
69’ ГООЛ 3:0 Хасани од слободен удар постигнува одличен гол.
89’  ГООЛ 4:0. Емини во продор доаѓа пред голот на гостите, шутира, голманот одбива, Емини од втора го комплетира хет-трикот.
90’ ГООЛ 5:0 Само што тргна Силекс од центарот, Абдурахими гол

А. ПАНДЕВ - ПЕЛИСТЕР 2:0
53’
Лукас без топка го удира Стоилов, и поради тоа добива црвен картон. Пелистер останува со играч помалку во последните половина час од мечот.
57’ ГОООЛ 1:0. Гостинскиот фудбалер Тошевски игра со рака во својот шестнаесетник, досуден е пенал. Балдовалиев сигурен од белата точка.
82’ ГООЛ 2:0 Грешка на потесната одбрана на Пелистер, Американец во редовите на струмичани Бовен постигнува гол.

ШКУПИ - СКОПЈЕ 1:0
25’ ГОООЛ 1:0.
Христијан Стојковски од пет-шест метри шутира, голманот на гостите Кандикјан одбива, Стојковски одново, овојпат прецизно во голот на Скопје.

ПОБЕДА РАБОТНИЧКИ 2:4
4’ ГООООЛ! 1:0
Трајковски нафрлува во петерецот на Работнички, тука Гешоски од три-четири метри бие неодбранливо во мрежата на гостите.
25’ ГООООЛ 2:0 Најдоски го зголемува водството на Победа на 2:0
58’ ГОООЛ 2:1 Напаѓачот на гостите Кире Марковски постигнува гол за намалување на предноста на прилепчани.
63’ ГОООЛ 2:2. Сахити со убав лоб удар израмнува на 2:2.
83’ ГООЛ 2:3 Кире Маркоски од пенал комплетира вистински пресврт на мечот во Прилеп.
90’ ГООЛ 2:4. Гофри го комплетира пресвртот во Прилеп.

 



Датум: 20.09.2017, 14:53
Статијата е прочитана 528 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense