| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.05.2017

Нема збогум со титула за Георгиевски

Бекот на Мелбурн Виктори загуби на пенали од Сиднеј во големото финале, и не ја освои титулата пред неговото заминување во Њукасл Џетс

Голема шанса имаше Даниел Георгиевски да се збогува од Мелбурн Виктори со шампионска титула. Беше многу блиску, во финалето на плеј-офот имаше водство од 1:0, но Сиднеј израмни на 1:1 а мечот влезе во продолженија, а потоа и во пенали. И таму Мелбурн имаше се во своите раце откако тие реализираа два пенали, а противникот ниту еден. Меѓутоа потоа тимот на Георгиевски влезе во лоша серија со два утнати удари од белата точка, а Сиднеј не грешеше за на крај голема радост и шампионски трофеј.

Во сезоната 2014-2015, македонскиот интернационалец ја освои титулата во Австралија исто така со Мелбурн Виктори.

Како што е познато, следната сезона Георгиевски се сели во редовите на Њукасл Џетс откако предходно потпиша пред-договор со оваа екипа.



Датум: 07.05.2017, 12:12
Статијата е прочитана 1051 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense