| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.05.2017

Соседски дуел бр. 58 (ЖИВО)

Работнички го дочекува Вардар во дербито на колото, но очите на јавноста се вперени на мечот во Кратово, каде што играат Ренова - Силекс. Македонија ЃП е домаќин на Шкендија, додека Победа ќе бара бодови за опстанок кај Брегалница.

КРАЈ: РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 2-2, МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКЕНДИЈА 2-3, БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА 1-2, РЕНОВА - СИЛЕКС 1-0.

РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР  2:2 (0:1)

87’ ГОООЛ - После продорот на Херера од левата страна упати прецизен центаршут до Силјановски кој што шутираше прецизно во левиот агол од голот на Вардар совладувајќи го Алексовски

69’ - Елмас во добра шанса, упати прецизен удар од десетина метри, но и одлично одбрани Алексовски

60’ - ГОООЛ - Изведен аут од десната страна, Брдаровски додаде до Велковски а овој убаво го проигра на 16 метри Барсегјан кој што упати прецизен удар во долниот лев агол

54’ ГОООЛ - Херера нафрли од корнер, а од 5-6 метри Садики со глава го совлада Алексовски

52’ - Попов се најде во офанзива откако убаво изнесе една топка, се реши на удар од триесетина метри, топката одеше во голот, а Шишковски одбрани во корнер

45+1’ - Вуковиќ ја имаше најсериозната шанса за Работнички, но, одличниот удар на Црногорецот заврши само во пречката.

36’ ГОО0Л - (Џигаури) Вардар поведува благодарение на Џигаури, кој најпрво со финта се ослободи од Дурански, а потоа упати убав удар со левата нога, а топката заврши под Шишковски кој беше немоќен.

29’ - Поништен гол на Николов откако главниот судија претходно досуди офсајд.

19’ - Корнер на Херера а топката беше упатена кон првата статива. Ивановскин налета на истата, но, се испречи голманот Алексовски

13 ’ - Најпрвин Балотели имаше одлична шанса за Вардар, за веќе во наредниот напад Дурански да го загрози голот на првакот, но, чуварот на мрежата успешно интервенираше.

4’ - Удар на Вуковиќ од триесетина метри кој оди само над голот.

2’ - Одлична шанса за Вардар да дојде во водство. Барсегјан од левата страна додаде до Николов кој што упати удар, Шишковски кратко ја одби топката до Спировски кој што се обиде, и повторно голманот на Работнички интервенира за потоа да следи и трет обид од страна на Николов, но топката оди само над голот.

0’ - Дарко Велковски, сепак ќе биде капитенот за Вардар на денешниот меч, не Горан Попов како што претходно беше најавено.

 

МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКЕНДИЈА  2:3 (0:1)

87’ ГОООЛ - пенал за Македонија Ѓп откако голманот Захов го собори Кристијан Стојкоски
Сигурен реализатор Давор Здравковски.

80’ - Дино Меѓедовиќ прими топка на осум-девет метри пред голот на Македонија сосема сам, биеше крај голманот на домашните, но Давор Здравковски изби од гол-линијата

75’ ГОООЛ - Македонија намалува на 3:1. Додавање до Кристијан Стојкоски, кој правовремено во шеснаесетникот на Шкендија, убаво прими се намести и со лоб удар го префрли гостинскиот голман Костадин Захов

65’ ГОООЛ - Алими испрати долга топка кон Марјан Радески во срцето на шеснаесетникот на Македонија. Овој ја смири и од само неколку метри ја испрати во мрежата на домашните

60’ ГОООЛ - Шкендија поведува со 2:0. Арменд Алими од слободен удар од 18 метри прецизно пласира крај живиот ѕид во мрежата на Македонија Ѓорче Петров

20’ ГОООЛ - (Абдурахими 0:1) Шкендија поведе благодарение на маестралниот гол на Бесарт Абдурахими. Повремениот наш репрезентативец „распали“ по голот на Македонија ЃП. Прекрасен удар од косо, во близина на аголот на казнениот простор, а топката заврши во спротивниот горен агол.

 

БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА  1:2 (0:0)

80’ ГОООЛ - Нафрлена топка од корнер пред голот на гостите, тука најубаво се снаоѓа нововлезениот Мијовски и го намалува водството.

77’ ГОООЛ - Недановски од 18 метри го лобува домашниот голман, Станиќ од гол-линијата само го потврди голот.

65’ ГОООЛ - Дарко Стојанов игра со рака во својот канзен простор, чист пенал за ПОбеда. Ударот од белата точка за водство го претвара Благоја Гешоски

35’  - Ристовски имаше добра шанса за Брегалница, но, голманот на Победа во последен миг интервенираше. Претходно имаше мал прекин откако официјалните лица на мечот не побараа оттргнување на транспарент кој имаше непристојна содржина.

 

РЕНОВА - СИЛЕКС  1:0 (1:0)

75’ - Супер шанса за гостите, Ацевски од 20 метри шутира ја погоди пречката

30’  - Нова грешка во дефанзивата на „гипсарите“ кои помислија дека Кастратовиќ е во офсајд, но, судиите не покажаа ништо. Сепак играчот на Силекс успеа да го промаши целиот гол и да упропасти нова добра шанса за кратовци.

17’ -  Кикс на домашната одбрана, Глигоров излезе сам со голманот Хаџо, но, само го промаши целиот гол.

9’ ГОООЛ  - (Усеини) Гафури го проигрува Усеини, овој од десно нафрла во петерецот на гостите по што следуваше успешна реализација.



Датум: 14.05.2017, 16:14
Статијата е прочитана 1174 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense