| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.03.2017

Шампионот тргнува и по вториот пехар


Денеска се играат првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија. Вардар однво, по само неколку дена, ја дочекува Шкендија на Арената во Скопје додека во Штип под рефлектори се среќаваат Брегалница и Пелистер

Само три дена после убедливата победа на Вардар над Шкендија на „Арената“ во Скопје, денеска нова пресметка на старите познаници. Пресметка во која што шампионот влегува како фаворит не само поради фактот што во моментов покажа дека има подобра екипа, туку поради тоа што психолошката предност е на нивна страна, особено после онаа партија во неделата кога не му дадоа ниту мала надеж на ривалот да се радува и да го стигне на табелата. Напротив, разликата уште повеќе се зголеми.
Од друга страна, пак, Шкендија колку и да верува дека ќе се случи чудо и дека ќе го превземе првото место од Вардар на крајот од сезоната, сепак, и самите тетовци се веќе свесни дека за тоа ќе му требаат минимум два кикса на противникот и во меѓусебната пресметка во Тетово Шкендија да победи. Затоа можеби Купот е единствената шанса за тетовскиот тим да дојде до трофеј сезонава.
Во второто полуфинале Пелистер влегува како фаворит на хартија, но штипјани си имаат свои амбиции и не треба предвреме да се отпишуваат.

ДЕНЕСКА
СКОПЈЕ: ВАРДАР - ШКЕНДИЈА (14:00)
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА - ПЕЛИСТЕР (17:00)
*Реваншите се играат на 19.04.2017



Датум: 01.03.2017, 12:06
Статијата е прочитана 793 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense