| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.05.2017

Несторовски со гол се збогуваше со Палермо

Илија Несторовски со гол и со победа се прости од Палермо, откако беше стрелец на првиот гол во 2:1 победата над Емполи, која не важи многу, бидејќи тимот од Сицилија е веќе во Втората лига

Несторовски, за кого се заинтересирани голем број на европски тимови, го постигна првиот гол во 76. минута, по што Палермо водеше со 2:0 со голот на Енрике, пред Круниќ да намали на 2:1. Со ова Македонецот става блескав крај на сезоната која не беше најдобра за Палермо, по бројните смени на тренери, но и на сопственикот. Каде Нестор-гол ќе ја продолжи кариерата останува да се види.

ПАЛЕРМО - ЕМПОЛИ 2:1
Несторовски 76’, Енрике 84’ - Круниќ 87’



Датум: 28.05.2017, 22:47
Статијата е прочитана 7889 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense