| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.09.2017

Ренова го совлада Пелистер

„Гипсарите“ го постигнаа првиот гол во првенството што им беше доволно и за првиот триумф

Со голот на стоперот Ненад Мишковски со глава по корнер Ренова го совлада Пелистер со 1:0, со што тетовци стигнаа до првата победа во првенството. Голот на одлука беше постигнат во 66 минута по еден корнер од левата страна и нафрлувањето што следуваше, при што Мишковски највисоко скокна на шест-седум метри од голот на Пелистер и ја испрати топката во голот.
Во останатиот дел од натпреварот, на теренот имаше игра без многу динамика или шанси, освен во судиското надополнување кога и двете екипи имаа ситуации еден на еден со голманот, но не ги искористија.



Датум: 16.09.2017, 17:34
Статијата е прочитана 408 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense