| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.05.2017

ПЕЛИСТЕР И ШКУПИ БАРААТ ПОЕНИ: Едните за Европа, другите за опстанок

Едно е јасно. Оној што ќе победи денеска, ќе има добра позиција на табелата за последните три кола. Пелистер тргнува да се „одмазди“ за поразите во Чаир.

Пелистер на домашен терен обезбедува пласман во фудбалска Европа. Битола не признава ништо помалку, и затоа избраниците на Наџи Шенсои се сконцентрирани само на овој момент. За да се оствари тој, мора максимално да се заложат во последните четири кола од домашниот шампионат, а првиот предизвик се вика Шкупи. Екипа против која битолчани сезонава имаат негативен биланс и сакаат да го поправат тој момент.

САМО ТРИУМФ Е ОПЦИЈА ЗА ДОМАШНИТЕ
Пелистер нема намера повеќе да се занимава со порази, неуспеси сезонава. Мина тој период. Сега битолчани се во позитивна серија, седум меча по ред и сакаат така и да остане.
„Имаме мечеви пред нас кои се исклучително битни. Го играме финалето од Купот, но претходно, ете мора да се соочиме со предизвикот наречен Шкупи, во домашниот шампионат. Нема да биде лесно, видовме изминатите мечеви против чаирчани со што располага овој тим, но ние немаме друга опција освен триумф во моментов. Четвртото место на табелата се уште не е обезбедено и мора да го сториме тоа час поскоро“, велат од Битола.


НУХИИ: ГИ ЗНАЕМЕ СЛАБИТЕ СТРАНИ НА ПРОТИВНИКОТ
Шкупи, пак, има сосема спротивна задача сезонава од Пелистер. Чаирчани се борат со опстанокот, се уште немаат обезбедено доволно бодови за и следната сезона да играат во Првата лига. Затоа стратегот Ардијан Нухии и неговите избраници не можат да се опуштат, напротив ќе мора да бидат максимално сконцентрирано да ги одиграат последните четири кола.
„Играме против екипа која откако се врати на домашниот стадион, односно во Битола, игра одлично, односно бележи добри резултати. Максимално ја анализиравме играта на противникот, знаеме како би можел приближно да одигра на овој меч. Јас верувам во моите фудбалери, изминатиов период одигравме добри мечеви. И против Победа создадовме доста шанси и верувам во нашиот квалитет, и со даден максимум, искрено се надевам на поволен резултат“, вели тренерот на Шкупи, Ардијан Нухии, пред овој клучен меч за неговиот состав.



Датум: 13.05.2017, 13:15
Статијата е прочитана 1817 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense