| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.07.2017

ЛЕ: Ејупи повторно стрелец, „кам-бек“ на Митов-Нилсон

 Музафер Ејупи вечерва ја најави победата на Осиек над Луцерн, а голманот на репрезенацијата се врати после едногодишна пауза

Покрај нашите две екипи кои имаа натпревари од Лигата на Европа, ширум Стариот континент неколку Македонци денеска настапија за своите тимови во најмасовното европско натпреварување.

Марјан Алтипармаковски настапи цел натпревар за Судува во победата на гостински терен над Лиепаја со 0:2, и со тоа речиси сигурно се пласираше во следната фаза.

По долго време, конечно, меѓу диреците на Норчепинг се врати Давид Митов-Нилсон. Тој го чуваше голот на својот тим во дуелот со Тракаи од Литванија, во победата на Норчепинг од 2:1.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов се најдоа во првиот состав на АЕК Ларнака во победата над Корк Сити со 0:1. Тричковски ја напушти играта во 84. минута, а кипарскиот тим е блиску до 3. квалификациско коло.

Музафер Ејупи повторно беше стрелец за својот тим во Лигата на Европа. Македонецот ја најави победата на Осиек во дуелот со швајцарски Луцерн од 2:0. Ејупи погоди во 66. минута, a потоа домашните постигнаа уште еден погодок за добар триумф пред реваншот.



Датум: 13.07.2017, 22:50
Статијата е прочитана 2022 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense