| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.04.2017

Денеска истекува казната на ФК Победа

Денеска е 27 април 2017 година. Денот кој што во фудбалски Прилеп се чекаше цели осум години.

Имено толку траеше голготата на ФК Победа по онаа суспензија од страна на ФИФА и УЕФА за „наместениот“ натпревар со Пјуник во 2004 година во квалификациите за Лигата на Шампионите.
Интересно е тоа што таа стара Победа, барем така велат луѓето кои сега се во тој клуб, треба веднаш или за наредната сезона да се врати во Првата лига на Македонија. Имено кога се изрекуваше казната за клубот во истата не стоеше дека тој треба да се врати во најнизок ранг, туку дека само 8 години не може да игра во Првата лига.
Прилепчани, тие што се во фудбалот во меѓувреме создадоа нов фудбалски субјект кој се вика Победа, и тој сега игра во Првата лига. Но оваа Победа која сега игра во елитата не е казнетиот клуб Победа.
Пред извесно време луѓето од „старата“ Победа побара мислење од страна на ФФМ околу тоа какви чекори треба да се преземат. Секако дека „Македонски спорт“ како единствнен спортски весник во земјава има намера да се занимава со оваа тема и понатаму.
Но сега за крај да споменеме за тие што не знаат. „Новата“ Победа во Централен регистер на Р.М. се води како „Друштво за спортски активности Фудбалски клуб Победа АД Прилеп“, додека „старата“ Победа се води како „Фудбалски клуб Победа Прилеп“ или ФК Победа.



Датум: 27.04.2017, 10:23
Статијата е прочитана 8210 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense