| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.05.2017

Блажевски е „шилото“ на шампионот (ФОТО)

Вардар ита кон титулата со крупни чекори, ита кон целта што му беше поставена на целиот тим на шампионот и на стратегот Гоце Седлоски

Според игрите во целото првенство сосема заслужено. Особено импресионираа играчите на Вардар пролетва, во која имаат само два порази. И особено беа добри на последните шест меча на кои имаат пет победи. Посебен шарм на тие победи и голови даваа напаѓачите, но еден се издвои меѓу нив, а тоа е Дејан Блажевски кој во конкуренција на Тигран Барсегјан според изборот на „Македонски спорт“ е играч на месецот. Едноставно Блажевски е „шилото“ на лидерот и шампионот, кога е најпотребно тој е тука да ги реши дилемите, да ја затресе противничката мрежа и да му донесе три бода на својот Вардара.
Дури шестменина вардарци се во идеалниот состав на месецот, покрај Блажевски тука се и голманот Гачевски, потоа секогаш добрите дефанзивци Грнчаров и Новак, па феноменалниот Фелипе кој силно конкурира за играч на сезоната, како и споменатиот Барсегјан. Останатите петмина се Муслиу од Ренова, екипа која има одлична серија во последно време, секако Трајчевски и С. Сахити од Работнички, младиот Исени од Шкупи, тим кој што го победи Работнички и играше нерешено со Шкендија, и на крај Ибраими, голгетерот на Шкендија, „бомбардерот“ кој речиси сам го победи Вардар во меч од овој период.



Датум: 04.05.2017, 13:58
Статијата е прочитана 1353 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense