| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2018


Шкендија тргна за Анталија


Есенскиот шампион утринава се упати за Анталија каде што ќе го одработи главниот дел од овогодинешните зимски подготовки.


Утринава од скопскиот аеродром, екипата на Шкендија се упати кон Анталија каде што во следните петнаесетина дена ќе го одработи главниот дел од овогодинешните зимски подготовки. Тренерот Ќатип Османи веќе го исклистализира составот, веќе нема да има премногу поместувања. Тие што требаше да си заминат, не се веќе дел од екипата, а доведени беа и адекватни засилувања. Ова се играчите кои утринава се качија на авион и полетаа за Анталија.

Голмани: Костадин Захов, Беким Реџепи, Саљадин Мустафи, Артан Илјази
Одбрана: Благоја Тодоровски, Мевљан Мурати, Егзон Бејтулаи, Олси Теќа, Мевљан Адили, Леард Садриу, Илбер Беќири, Ардиан Цуцули.
Среден ред: Енур Тотре, Басмир Бојку, Арменд Алими, Енис Фазлагиќ, Сабит Биљали, Ферхан Хасани.
Напад: Изаир Емини, Албан Расими, Енсар Љума, Марјан Радески, Стенио Жуниор. Бесарт Ибраими, Шефит Шефити

 



Датум: 20.01.2018, 10:51
Статијата е прочитана 548 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense