| контакт | маркетинг

27.01.2018

Трета среќа: Вознијацки ја освои првата грен слем титула

Данката го освои Австралија опен по триумфот над Симона Халеп со 2:1 во сетови

Каролина Вознијацки по два порази во финалињата, ја освои првата грен слем титула, победувајќи ја романската тенисерка Симона Халеп со 3:0 во сетови во финалето на Австралија опен. Со првиот пехар од најголемите турнири, Вознијацки се врати и на првото место на ВТА листата по пауза од шест години. Од друга страна Халеп го претрпе третиот пораз во финалињата на грен слем турнирите и од понеделник нема да биде најдобра на светот.
Никој повеќе нема да ми го поставува прашањето за тоа што бев прва на светот без освоен Грен слем. Тоа е најпозитивната работа од сето ова. Сега чекам да ме прашувате за другата титула“, изјави Каролина за новинарите.
Инаку двете тенисерки одиграа маратонски меч. Тоа беше дуел со многу интензитет, набој и долги поени. И Вознијацки и Халеп беа добри во одбрана, но во клучните моменти романската тенисерка одигра нешто послабо. Па така во првиот сет беше најнеизвесно, а Вознијацки го доби со два мини брејка 7:6(2).
Во вториот сет Романката возврати (6:3). Заигра похрабро, со сервиси освојуваше клучни поени па го изедначи резултатот. За време на сетот Халеп побара и медицинска помош, но го продолжи мечот.
Во третиот сет беше неизвесно до резултат 4:4, а потоа Данката ја презема иницијативата и ја принудуваше противничката на грешки па така дојде до триумф во сетот со 6:4 и триумф на мечот со 2:1.
Во машкото финале кое ќе се игра утре ќе се соочат Роџер Федерер и Марин Чилиќ.

 



Датум: 27.01.2018, 15:00
Статијата е прочитана 327 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense