| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.08.2017

Лехнер и суди на Шкендија, Банти на Вардар

Австриецот Харалд Лехнер ќе суди на „Сан Сиро“, додека Лука Банти од Италија ќе ја дели правдата на мечот Вардар - Фенербахче

Познати се судиите кои во четврток ќе им судат на нашите екипи во плејофот во Лигата на Европа. Харалд Лехнер од Австрија е делегиран за главен судија на мечот меѓу Милан и Шкендија. Лехнер во својата кариера му има судено на Работнички кога овој тим славеше на Кипар со Анортозис со 2:0. Тој и судеше и на нашата млада репрезентација на ЕП во Полска кога загубивме од Шпанија со 0:5.


Лука Банти од Италија ќе го суди мечот меѓу Вардар и Фенербахче, тој  е  еден од најпознатите судии во својата земја а лани и судеше на Шкендија во плејфот со Гент кога тетовци во Скопје загубија со 0:4.

 



Датум: 14.08.2017, 14:57
Статијата е прочитана 799 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense