| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.09.2017

Сега напад на третото место во групата

Победата во Хаифа ги врати насмевките кај фудбалерите. Со триумф над Албанија со два гола разлика се отвара шансата за наша историја

Од нигде никаде, од лош старт и порази до напад на третото место во групата. Затоа овие три бода од Израел се големи за  нашите фудбалери на чии што лица се вратија насмевките.
Она што радува е тоа што овој наш тим има иднина. Златната младина со легендарниот Пандев, тоа е нашата добитна комбинација. И двете победи во групата се со тој микс.
А Македонија сега е во игра за нова историја. Во вторник ни треба победа од два гола над Албанија за пол позиција доколку на крајот собереме 12 бодови. Со ваква убедлива победа во Стрyмица ние ќе бидеме пред Албанија и Израел.
Фудбалерите ја имаат Хаифа зад себе, а гледаат кон следниот предизвик. Сега ние сме тие кај кои е топката. Играме за најдобриот пласман во еден квалификациски циклус по најслабите два кои се зад нас.
Експедицијата денеска се враќа од Израел, а игачите веднаш одат во струмичаката база каде попладне и ќе тренираат. Одиме на нова победа, да врземе две во низа.



Датум: 03.09.2017, 09:24
Статијата е прочитана 4128 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense