| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.08.2017

Хасани „виси“ за Израел и Албанија

Капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани се пожалил на повреда. Неговиот настап на претстојните два квалификациски дуели е под знак прашалник.

Македонската репрезентација денеска го имаше првиот собир за подготовките за квалификациските дуели против Израел и Албанија за Светското првенство во Русија.
Поради повреда, селекторот Игор Ангеловски на овие два натпревари може да остане без услугите на капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани.
Хасани се појави на денешниот собир на репрезентација, но многу веројатно е дека нема да биде во комбинација за двата меча. Тој се жалеше на повреда и пред реванш дуелот против Милан, во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа, но стегна заби и го одигра дуелот против италијанскиот гигант.



Датум: 28.08.2017, 12:13
Статијата е прочитана 1209 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense