| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.02.2017

ШЕНСОИ: Не освоивме еден, загубивме два бода


Во меч во кој не реализиравме грст шанси, а во кој противникот даде гол од еден удар кон нашиот гол, не можам друго да констатирам. Физички бевме супериорни – вели тренерот на Пелистер, Шенсои.

Пелистер не може да се помири со фактот дека не освои три бода против Победа. Ги имаше сите предуслови за тоа, водеше двапати, но на крајот мораше да се задоволи со нерешени 2:2.
„Тежок меч. Високо темпо во кое физички доминиравме. Диктиравме наша игра, наше темпо, но попусто. Лошиот терен не ни дозволи да одиграме како што знаеме. Цел месец трениравме на одличен терен, во Аланија се подготвувавме, играме мечеви на супер подлога и дојдовме овде за да одиграме и самите видовте на каков терен. Не можам да се помирам со фактот дека дел од причините зошто не победивме е и теренот на кој игравме“ - вели тренерот на Пелистер. „Веднаш се виде на овој меч дека сме физички супериорни. Дека ќе доминираме. Противникот во овој домен беше инфериорен. Нивниот лекарски тим неколкупати влезе во терен да интервенира поради грчеви на играчите. Тој момент ме радува. Дека сме на физички план одлични“ - вели Шенсои.

БОДОТ НЕ Е УТЕХА ЗА ЗАГУБЕНИТЕ ДВА
„Со оглед на фактот како одигравме, колку шанси создадовме, колку утнавме, какви голови примивме, не можам да бидам задоволен. Ние на овој меч не освоивме еден бод, ние загубивме два. Требаше, мораше да победиме, но сега веќе нема никаква смисла да се жали за пропуштеното. Се одморивме вчера, веќе денеска продолжуваме да се подготвуваме за следниот меч, оној против Брегалница“ - вели искусниот стратег.

Во следното 20. коло, Пелистер игра против Брегалница.



Датум: 22.02.2017, 12:33
Статијата е прочитана 2344 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense