| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2017

Георгиевски го доби дербито на Мелбурн

Македонскиот интернационалец играше 15 минути во драматичната победа на Виктори над големиот ривал Сити со 2:1

Даниел Георгиевски и Мелбурн Виктори го добија дербито против Мелбурн Сити со 2:1 во рамките на 18. коло на Австралиската лига. Македонскиот интарнационалец во игра влезе во 80 минута, при резултат 0:1. Во еден неизвесен меч, во првиот дел не видовме ниту еден погодок. Гостите, преку Килкени поведоа во 70. минута,откако претходно Бериша промаши пенал.
Токму овој фудбалер во 84. минута го израмни резултатот, додека комплетен пресврт неколку моменти по голот и по измената, Мускат си постигна автогол. Очекувано, гостите во самиот крај беа многу нервозни, па така Тим Кејхил доби црвен картон од клупата за резервни фудбалери, а вкупно беа доделени 11 жолти картони.
Со оваа победа, Виктори се зацврстија на второто место со 35 бодови, додека, пак, Мелбурн сити остана на бројката од 26.



Датум: 04.02.2017, 12:00
Статијата е прочитана 1241 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense