| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.05.2017

Брдариќ не е повеќе тренер на Шкендија!

Германецот после неполни пет месеци е сменет од клупата, а до крајот на сезоната екипата ќе ја води Ерхан Селими

Томас Брдариќ е минато за Шкендија. Денеска шефот на стручниот штаб на тетовскиот тим доби отказ, и до крајот на сезоната Ерхан Селими ќе го предводи тетовскиот тим. Смената доаѓа после неосвоената титула на тетовската екипа.
Оваа смена доаѓа непосредно пред финалето на Купот каде што Шкендија има можност да го брани трофејот.
Одисејата на Германецот во Шкендија траеше кратко, односно дојде во зимската пауза на местото на Бруно Акраповиќ. Меѓутоа по само неколку месеци стана јасно дека тој нема квалитет за да му ја „земе“ титулата на Вардар, и од тука тетовци добиваат нов предводник.



Датум: 09.05.2017, 15:22
Статијата е прочитана 6509 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense