| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.12.2017

„ПОЛА“ ПОБЕДА СЕ НУДИ ВО СКОПЈЕ

Во Прилеп работите не се како што треба, па затоа и играчите си бараат чаре што се вели. Дел од нив се на линија со ФК Скопје каде што работите се далеку појасни во моментов

Екипата на Скопје сезонава нема намера така лесно да се откаже од својот прволигашки статус. И покрај малкуте бодови на контото, и покрај лошите игри и несреќните порази, сепак, „пиратите“ планираат до последно да се борат да останат во првата лига. Тоа нема да биде лесно, секако, но според последните информации ситуацијата на Автокоманда и не е така лоша.
Финансиски во моментов клубот е стабилен, играчите се исплатени, и се има доволно сретства за да се ангажираат уште неколку сериозни имиња кои во голема мера ќе помогнат за да се стигне до посакуваната цел. Тоа секако е опстанокот.
Па така, ФК Скопје е во потрага по новитети, и е на линија во моментов со дел од првотимците на Победа, кои пак со оглед на лошата ситуација во Прилеп, реално не би имале ништо против да се преселат на Автокоманда. Според шпекулациите, Ристески, Најдоски и уште неколкумина многу лесно може зимава да го напуштат Прилеп и да се презелат во Скопје.



Датум: 20.12.2017, 20:10
Статијата е прочитана 3750 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense