| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.01.2018

Шкендија го врати Мевљан Адили

Нови имиња во редовите на есенскиот првак се и голманот Селадин Мустафи и играчот за врска Сабит Биљали

Шкендија денеска тргна со подготовките но тргна и со доведувањето на нови имиња. Па така тетовци промовираа тројца играчи како свои засилувања. Првото е најпознато, а тоа е Мевљан Адили, стоперот кој пред две години беше играч на Шкендија но потоа се врати во Шкупи а во редовите на есенскиот првак доаѓа од тимот на УТА од Романија. Секако дека ова е квалитетно име како освежување во одбраната на Шкендија.
Селадин Мустафи треба да биде замената за Илир Авдили. Мустафи е екс голман на Ренова а последен клуб му е Лапи од Косово. И трето ново име во Шкендија е Сабит Билали, играч за врска кој бил член на младинските школи на Ренова и Динамо Загреб.
Инаку денеска стратегот Ќатип Османи заедно со своите сорабитници ја изврши и првата прозивка, немаше тренинг туку состанок со играчите и беа извршени оние вообичаени мерења.

 

 

 



Датум: 03.01.2018, 20:01
Статијата е прочитана 1965 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense