| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.06.2017

Милевски: Без разлика на резултатот, Македонија има фудбалска иднина

Што и да се случи на европското првенство Македонија има иднина на фудбалски план. Тоа го порачува селекторот на У21 репрезентацијата, Благоја Милевски на два дена пред стартот на евопрскиот самит и нашиот натпревар против Шпанија

Меѓу фудбалерите, како и во стручниот штаб, владее одлично расположение. Сите сме помалку возбудени во позитивна смисла што се приближува почетокот на натпреварувањето и што имаме можност да го отвориме шампионатот против исклучително квалитетен противник, истакнува Милевски.
Подготовките се речиси завршени, а на 17. јуни треба да се докажуваме против еден од фаворитите за големото финале на Европското првенство?
Треба да сме задоволни од нашите фудбалери. Работеа на високо ниво и покажаа желба и мотив. Оваа генерација е способна да се покаже во најдобро светло, против најдобрите европски репрезентации. Овој тим е во состојба да одговори на предизвикот на сите три натпревари во групата, а каков ќе биде исходот на крајот – ќе видиме. Целта е да го дадеме најдоброто од себе, да се радуваме во играта и дуелите против големите противници, вели Милевски.
Фудбалерите, исто така, велат дека на тренинзите го даваат максимумот, го чекаат првиот натпревар за да ги покажат квалитетите.
„Задоволен сум што ја покажуваат својата одговорност и дисциплина. Не чека навистина тежок натпревар и би сакал сите заедно да ја задржиме вербата во себе. Се надевам дека ќе играме на нивото од квалификациските натпревари“ - изјавуваат нашите репрезентативци за официјалниот сајт на ФФМ.
Натпреварот со Шпанија би можел да го одреди расплетот во веројатно најтешката група на Европското првенство?
„Шпанија е состав кој секако може да промени многу работи на теренот, но реков, ние се подготвуваме и ќе се концентрираме првенствено на себе и на своите задачи. На тој начин станува помалку важно во кој состав игра противникот. Имаме самодоверба и подготвени го чекаме почетокот“
Притисокот кој го носат големите натпреварувања е неизбежен.
„Работевме и на психолошка подготовка, но овие фудбалери се талентирани не само фудбалски, туку и карактерно. Веќе докажаа дека можат да се носат со притисокот од овој тип, а без разлика на расплетот на ова првенство, овие фудбалери остануваат иднина на македонскиот фудбал“ - велат во хор, македонските хероји.



Датум: 15.06.2017, 20:27
Статијата е прочитана 1174 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense