| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.04.2017

Трифуновски: Вардар секогаш е мотив

Пелистер во низа од четири меча без победа и со само еден освоен поен влегува на денешното вечно дерби против Вардар.

Се случувало Пелистер да биде и во полоша ситуација на резултатски план од онаа во која е во моментов, а, пак, да одигра добри деведесет минути против Вардар. Во Битола се надеваат дека викендов ќе се случи токму тоа. Дека Пелистер токму сега ќе ја покаже својата сила, квалитет, потенцијал и ќе се исправи пред предизвикот наречен, три порази и едно реми по ред во шампионатот.
„Дербито ни доаѓа во незгоден момент. Три порази и реми имаме во последните четири меча. Со само еден освоен бод одиме на дерби со Вардар. Сепак, околу мотивацијата и инспирација да се игра овој меч не треба да се разговара. Реално, кога играат Вардар и Пелистер тоа е нешто посебно и за нас, битолчаните, а верувам и за противникот.
„Вечното дерби“. И кога биле во далеку полоша ситуација и Вардар и Пелистер дуелите помеѓу овие два тима биле возбудливи, интересни, неизвесни. Се надевам дека и сега ќе биде така. Вардар е силен, тука нема дилеми, но и ние имаме квалитет. Тоа го покажуваат грото од нашите резултати сезонава, не треба на нас како тим да се гледа само до последните три четири натпревари. Да, имаме играчка и резултатска криза, но ќе направиме сè за истата да биде стопирана сега“ - вели Иве Трифуновски.



Датум: 09.04.2017, 12:57
Статијата е прочитана 463 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense