| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.04.2017

Футсалци со Бразилецот Даниел Де Соуза по пласман на ЕП 

Македонската репрезентација во футсал се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2018 година во Словенија. Ново име во списокот на селекторот Иван Божовиќ е Бразилецот, Даниел Де Соуза.

Репрезентативците и стручниот штаб подготовките за трите квалификациски натпревари ги одработуваат во Дојран. На турнирот кој од 07. до 11. април ќе се одржи во Алмати, Казахстан нашата репрезентација ќе се соочи со Чешка, Данска и домашниот Казахстан.
„Ние сме во завршна фаза на подготовките. Гледавме голем број натпревари од противниците и сметаме дека е направена солидна анализа за квалитетот на екипите. Немаме повредени фудбалери, сите играчи се максимално подготвени и нема никаква дилема дека ќе го дадат макисмумот во обид да ја исполниме нашата цел. Верувам во играчите и сметам дека со заедничка ангажираност можеме да стигнеме до бараж. Како што е познато таму има место за второпласираните од секоја група и за најдобрите третопласирани селекции. Што се однесува до групата, секако главен фаворит за првото место е Казахстан. Тие на последното Европско првенство во Белград се пласираа на третото место. Имаат специфичен стил на игра каде го користат и голманот како играч. Чешка е редовен учесник на сите големи натреварувања и има висок рејтинг. Знаат да играат на резултат. Тука е и квалификантот Данска“, истакна селекторот Иван Божовиќ.
На отворањето Македонија ќе игра со домаќиниот и прв фаворит за првото место, селекцијата на Казахстан, на 9. април следи дуелот со Чешка, а последниот дуел се игра на 11. април против репрезентацијата на Данска.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија Иван Божовиќ за турнирот во Алмати ќе смета на следните играчи: Антонио Петровски, Илчо Удовалиев, Влатко Петровски, Леонид Ристановски, Зоран Левески, Данило Де Соуза, Ферид Агуши, Даниел Де Соуза, Игор Леовски, Мартин Тодоровски, Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Адријан Мицевски, Садат Зибери, Александар Глигоров, Иван Крстевски и Еркан Сефари.



Датум: 03.04.2017, 14:39
Статијата е прочитана 2142 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense