| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.05.2017

Шкендија домаќин на финалето во Струмица

На денешниот состанок во ФФМ, решено е на фановите на Шкендија и Пелистер да им се доделат по 300 билети

Шкендија - Пелистер и официјално е големото Куп финале бр.25. Финале кое ќе се игра во Струмица на 17 мај (среда), со почеток во 17:30 часот на стадионот „Младост“. Одлучено е по пат на ждрепка, Шкендија да биде номинално домаќин.
Исто така решено е за фановите на двете екипи да се обезбедат по 300 билети. Имено по толку ќе може да има „балисти“ и „чкембари“ во среда попладне.
Побарано од двата клуба е да се однесуваат во рамките на спортскиот фер - плеј и да се влијае на фановите да нема изливи на национализми и слични непотребни работи.
На состанокот присуствуваа и припадници на МВР кои образложија дека во целост е подготвен оперативен план со цел самиот натпревар да биде празник на фудбалот, не само во Струмица.
Официјалниот прес на двете екипи кој ќе го организира ФФМ ќе биде на 16 мај (вторник) со почеток во 12 часот во Струмица. Тоа значи дека и двете екипи ќе бидат во карантин во Струмица барем ден претходно пред големото финале.

 



Датум: 11.05.2017, 20:03
Статијата е прочитана 4133 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense