| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.06.2017


Рамадан во историјата на Косово

 

*Зекирија Рамадан вечерва ќе ја има таа чест да биде првиот тренер на екипа од Косово, која прв пат во историјата на таа земја ќе заигра во европските купови

Зекирија Рамадан, нашиот млад стратег и екстренер на Шкупи, вечерва ја пишува фудбалската историја на Косово. Имено, тој ќе ја има таа чест да биде првиот тренер на екипа од Косово, која за прв пат во историјата на таа земја ќе заигра во фудбалска Европа. Тоа е Трепча од Митровица, шампионот на Косово за минатата сезона, екипа која е најдобра во Косово, и тоа под водство на Зеко Рамадан.
Шампионот на Косово, предводен од нашиот Рамадан, во рамките на претквалификациите во ЛШ ќе му гостува на Викингур, и тоа во Торшавн на Фарските Острови. Мечот започнува во 20 часот, а реваншот се игра следната недела, на 4 јули, во Митровица, Косово. Со оглед на тоа дека противникот е од Фарските Острови, Зекирија Рамадан има добри шанси да се пласира во следната рунда, каде што би се сретнал со тимот на Хафнарфјордур од Исланд.

                                                                        



Датум: 27.06.2017, 11:25
Статијата е прочитана 3526 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense