| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.03.2017

Социјалните мрежи ги заменија стадионите

Па и не може да се каже дека во Македонија не се сака домашниот, прволигашки фудбал. Ако во едно коло во просек вкупна посета е до 8.000 па и 10.000 гледачи на тие мечеви, тогаш треба да се додадат и оние што ги следат настаните преку ТВ стримот на ФФМ, како и оние на Шкендија и Вардар. Тука треба да се додадат најмалку уште 10.000 гледачи. Значи гледаноста и не е така лоша, напротив. Овој податок кажува дека обичниот љубител на фудбалот повеќе сака да гледа фудбал на компјутер или телефон отколку да дојде на стадион

Пишуваат коментари дека „живот даваат“ за омилениот клуб, но ги нема на стадионите, на трибините да му дадат поддршка. Ете тоа е новата појава во мак - фудбалот која трае веќе 3-4 години откако социјалните мрежи го зафатија и последното катче од државата и откако целиот живот на секој човек во оваа модерно време е поврзано со интернет трендот. Пред сè со фејсбукот, твитерот, инстаграмот. Да се разбереме оваа мода секако дека е увезена од западот, но штета што не го увезовме и оној друг тренд, а тоа е, сепак, трибините на стадионите да се полни, а не празни како кај нас.
Имено, лошите услови на стадионите, на некои и нема основни санитарни јазли, не така високиот квалитет на прволигашкиот фудбал, обложувалниците се дел од причините за слабата посета на натпреварите во мак-фудбалот, но тука е и таа нова појава што која ја споменавме. Па и затоа може да се каже дека во Македонија не се сака фудбалот. Но, дали е баш така. Имено, ако во едно коло во просек вкупна посета е до 8.000 па и 10.000 гледачи на тие мечеви, тогаш треба да се додадат и оние што ги следат настаните преку ТВ стримот на ФФМ, како и оние на Шкендија и Вардар. Тука треба да се додадат најмалку уште 10.000 гледачи. Значи гледаноста и не е така лоша, напротив. Овој податок кажува дека обичниот љубител на фудбалот повеќе сака да гледа фудбал на компјутер или телефон отколку да дојде на стадион

ВЕБ САЈТОВИ, ОФИЦИЈАЛНИ ФЕЈСБУЦИ

Во нашата Прва лига се натпреваруваат 10 клубови и најголем дел од нив, речиси 80% имаат свои вебсајтови, официјални фан фејсбук страници, твитери, инстаграми и слично. И тоа е добро, секој оној кој што сака да се информира за сите настани во својот омилен клуб ќе може да тоа да стори преку тие социјални мрежи. Секако дека најквалитетни, но и најпосетени се оние на најголемите, односно на клубовите кои играат во Европа. Тогаш се рушат рекорди во посета, во коментари, и слично. Од оние кои засега во нашата елитна лига немаат адекватни сајтови или фејсбуци е Македонија ЃП, од друга страна интересно е што вакво нешто имаат и некои второлигашки екипи. Сепак, сè е во парите, во големината на клубовите и во заинтересираноста на своите фанови нешто да направат во врска со промоцијата на своите омилени клубови.
ВАРДАР ИМА НАЈМНОГУ ФБ СЛЕДБЕНИЦИ
Вардар како наш најголем, како најтрофеен клуб има и најмногу следбеници на социјалната мрежа фејсбук. До вчера имаше вкупно 89.800, додека на второ место е Шкендија со 66.100, што и не е изненадување. Ова се двата наши во моментов најголеми клубови, со најголеми буџети со најголем квалитет на играчки план. Во тие два клуба играат и фудбалери чија вредноста на фудбалскиот пазар е и до 800.000 евра, така барем вели „Трансфермаркт“. Бројката на Шкендија можеби е помала од онаа на Вардар, но, сепак, треба да се знае дека структурата на жители која ја поддржува Шкендија е далеку помала од онаа на Вардар, и се разбира Тетово е можеби 15 пати помало од Скопје. Трет на оваа листа на фејсбук следбеници со 19.500 е Шкупи. Оваа бројка е најголема ако се знае дека за Шкупи навиваат во 90% навивачи од скопската населба Чаир. Следува Работнички со 12.700, но и тоа само поради фактот дека фан страната на „романтичарите“ е од 2009 година. И затоа ја држи таа бројка. Сепак, треба да се знае дека одредена бројка на лица следбеници се тоа во неколку клубови. Пелистер задоволува со бројка од 9.900, додека вистинско позитивно изненадување е Ренова со 6.500 следбеници. И тоа многу повеќе од Победа, Брегалница, Силекс.

ФЕЈСБУК СЛЕДБЕНИЦИ
1. ВАРДАР 89.800
2. ШКЕНДИЈА 66.100
3. ШКУПИ 19.500
4. РАБОТНИЧКИ 12.700
5. ПЕЛИСТЕР 9.900
6. РЕНОВА 6.500
7. СИЛЕКС 2.200
8. БРЕГАЛНИЦА 2.100
9. МАКЕДОНИЈА ЃП 1.700
10. ПОБЕДА 1.650


ПРОСЕЧНА ПОСЕТЕНОСТ СЕЗОНАВА
1. ШКЕНДИЈА 5.600 гледачи
2. ПЕЛИСТЕР 2.570
3. ШКУПИ 2.500
4. БРЕГАЛНИЦА 1.700
5. ПОБЕДА 1.180
6. ВАРДАР 1.100
7. РЕНОВА 730
8. МАКЕДОНИЈА ЃП 540
9. РАБОТНИЧКИ 500
10. СИЛЕКС 380

* Поопширно прочитајте во викенд изданието на „Македонски спорт“.



Датум: 19.03.2017, 10:58
Статијата е прочитана 1639 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense