| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

10.11.2017

БАРАЖ ЗА СП: Швеѓаните носат 1:0 во Милано

Шведска ја кутна големата Италија и се најде блиску до Мундијалот. Италијанците ќе мораат да заиграат подобро на реваншот, затоа што во Солна беа ептен лоши

Италија лошо помина на првиот бараж по 1997 година. „Аѕурите“ изгубија на гостувањето кај Шведска со 1:0 и се најдоа во лоша позиција во трката за место на Светското првенство во Русија. По она што го прикажаа на стадионот во Солна, Италијанците заслужија пораз. Толку тактизирање, лоша игра, безидејност... Селекторот Џампјеро Вентура постојано ги преместуваше играчите како и тој да не знаеше што сака.
„Аѕурите“ можеа да го отворат резултатот во петтата минута но ударот на Белоти со глава заврши покрај шведскиот гол. Швеѓаните од стартот заиграа со висок пресинг и со агресија и тоа постојано го правеа во текот на 90 минути. Во седмата минута Тоивонен шутираше неколку сантиметри покрај голот на Буфон, додека слободните удари на Емил Форсберг не завршија во целта. Марко Верати во 28 минута доби жолт картон поради што ќе го пропушти реваншот на „Сан Сиро“ во понеделник.
Клучниот момент се случи во 61 минута. Играчот на АЕК Јакуб Јохансон, четири минути по влегувањето во игра, шутна од 16-тина метри, топката го закачи Дармијан и го измами Буфон. Топката заврши во голот и домашните дојдоа до 1:0. Девет минути подоцна Дармијан упати силен шут од далечина, а топката заврши во дирекот.
Швеѓаните се на прагот на голем успех, но во реваншот ги чека вистински пекол. Инаку тоа беше 24 меѓусебен дуел  и седма победа за Шведска.

 



Датум: 10.11.2017, 23:19
Статијата е прочитана 348 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense