| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.09.2017

Елмас ќе заигра за Фенер дури следната година

Турскиот клуб не успеа да го регистира македонскиот репрезентативец односно ФИФА не го дозволи трансферот во овој преоден рок затоа што Елмас е сеуште малолетен


Елиф Елмас ќе може да потпише договор со тимот на Фенербахче односно ќе направи официјален трансфер дури во јануари следната година затоа што ФИФА не дозволи негова преселба и официјализација на договорот со турскиот гигант поради фактот што нема наполнето 18. години. Елмас станува полнолетен на 27-ми овој месец, но преодниот рок во Турција завршува на 7 септември. Токму тие 20 дена прават проблем за нашиот млад талент да игра натпревари за Фенер уште во есенскиот дел од сезоната.

Фенербахче ќе мора да почека дури до јануари за официјално да го регистира како свој фудбалер. Нашиот најголем талент веќе извесно време е дел од Фенербахче, редовно тренира со првиот тим, а одигра и пријателски натпревар.



Датум: 03.09.2017, 12:32
Статијата е прочитана 1736 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense