| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.12.2017

Вака се заработува: Вардар добро ќе се „опари“ од УЕФА

Според нашите пресметки, „црвено-црните“ ќе добијат некаде околу 4.5 милиони евра, најголема сума што еден наш клуб ја добил од натпреварувањата на УЕФА

Фудбалот е бизнис, фудбалот се игра за победи, но и за пари. Само неуспехот скапо се плаќа, а успехот се наплаќа, и тоа добро. Вардар за шест месеци од настапите во Европа е побогат за цели 4.200.000 евра. Во оваа сума не се влезени парите од билетите. А како се дојде до оваа сума? Вардар доби од УЕФА 550.000 евра за пласман во квалификациите во ЛШ, потоа 235.000 евра за тоа што го мина Малме, следуваат 245.000 евра за пласманот во плејофот во ЛЕ. За пласманот во групната фаза, Вардар доби 2.600.000 евра, за ремито со Розенборг 120.000 евра и за ТВ- правата и маркетингот доби плус 250.000 евра. Вкупно 4.200.000 евра.
Сега видете дали не се исплаќа успехот и особено во кој спорт. Наше е да му посакаме на Вардар, но и на Шкендија, Работнички и на другите клубови кои играат постојано во Европа, слична, а зошто да не и повисока заработка. И не се само парите, тука е и рејтингот на клубот, но и рејтингот на мак-фудбалот воопшто.



Датум: 11.12.2017, 13:03
Статијата е прочитана 3230 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense