| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.04.2017

Алиоски во тимот на колото во Швајцарија

Македонскиот репрезентативец со две асистенции беше најдобриот поединец во победата на Лугано над Луцерн од 2:0 а како награда за одличната игра дојде и признанието за тимот на 26. коло во Швајцарија

Езџјан Алиоски имаше нов блескав настап во дресот на Лугано и со две асистенции му помогна на својот тим да дојде до важната победа над Луцерн од 2:0. Нашиот фудбалер повторно ги истакна своите способности и се покажа како најдобар играч на теренот на овој меч. Како награда за сето ова пристигна и признанието за тимот на 26. коло во Швајцарија. Од Лугано, покрај Алиоски се најдоа и Сабатини, како и дефанзивецот Големиц.




Датум: 03.04.2017, 17:46
Статијата е прочитана 1461 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense