| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.06.2017

Бош две години во Борусија

Борусија Дортмунд го потврди Петер Бош за свој нов тренер

Холанѓанецот го заменува Томас Тухел на тренерската функција, кој беше ослободен по завршувањето на сезоната. Бош пристигна од Ајакс и потпиша договор со „милионерите“ до летото 2019 година.
Во досегашната кариера, пред Ајакс, тој ги водеше Де Графшап, Хераклес, Витесе и Макаби од Тел Авив. Со Ајакс двапати го освојуваше второто место во првенството, а оваа сезона играше финале во Лига Европа, кое го загуби од Манчестер јунајтед.
А Борусија мораше да му плати на Ајакс пет милиони евра обесштетување, затоа што Бош имаше уште две години од договорот со „копјаниците“.
„Возбуден сум и среќен затоа што доаѓам во голем клуб. Едвај чекам во живо да го видам легендарниот ’жолт ѕид’ (трибината со најжестоките навивачи на Борусија). Мојот менаџер ме извести за интересот од Борусија, три часа разговарав со г. Вацке и со г. Цорк. Мое беше да одлучам дали ќе ја прифатам работата. Луѓето беа коректни кон мене, ми понудија што имаат да ми понудат, а јас почувствував дека заедно можеме добро да работиме. Така одлучив да дојдам во Борусија“, изјави Бош...



Датум: 07.06.2017, 11:49
Статијата е прочитана 391 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense